×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики од Ликовната колонија „Куманово 2023“ во Музеј Куманово

    26.09.2024 08:45 | KumanovoNews

    Во лапидариумот на Музеј-Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела од Интернационалната ликовна колонија „Куманово 2023“, како дел од програмата за Европски денови на културното наследство.

    Изложба на слики од Ликовната колонија „Куманово 2023“ во Музеј Куманово

    Станува збор за продукција од 21 слика изработени во разни сликарски техники: масло, акрил и комбинирани, кои биле изработени на минатогодишната ликовна сесија.

     На оваа групна изложба учество ќе земат 11 академски ликовни уметници, како од Македонија така и од Србија, Романија, Турција и Босна и Херцеговина: Антонија Јонеску, Гонча Карапинар, Дарко Трајковски, Емине Токмаккја, Ирина Черњавски Шантриќ, Марта Патлиџанковска, Милован Паниќ, Миљан Миленковиќ, Оливера Протиќ, Соња Спироска Остоиќ и Стефан Јакимовски. На изложбата ќе бидат прикажани и неколку дела кои ги изработија група на деца, кои учествуваа на ликовната работилница одржана за време на колонијата.

    Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам на РС. Македонија и Општината и Советот на град Куманово.   

    Изложбата ќе биде поставена во Салонот на Уметничката галерија до 7 октомври 2024 година.