×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики „Самоуки 2021“ во Куманово

    09.06.2021 14:15 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 19 часот ќе биде отворена традиционалната ликовна манифестација “Самоуки 2021“.

    Изложба на слики „Самоуки 2021“ во Куманово

    На отворениот конкурс којшто беше објавен во почетокот мај се пријавија дваесеттина автори со повеќе свои творби. Од стручната комисија при Центарот за учество селектираше 18 автори, коишто ќе бидат претставени со четириесеттина дела – слики, цртежи и скулптури.

    Иницијативата за организирано претставување на неакадемски ликовни автори потекнува од Центарот за култура при крајот на деведесеттите години. Прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 година.

    „Интересот за учество на оваа изложба е голем, бидејќи претставува можност за презентирање на неакадемските уметници пред пошироката публика, којашто редовно е присутна на оваа манифестација, бидејќи се работи за творештво продуцирано од самите граѓани“, соопштуваат организаторите.

    Изложбата ќе биде поставена до 24.06.2021.