×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на Владимир Темков во Куманово

    25.02.2015 09:23 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата на слики од академскиот сликар Владимир Темков.

    Изложба на Владимир Темков во Куманово

    Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата “Иван Мазов - Климе“  од Кавадарци. Делата на Темков се обележани со мотиви од богатиот растителен свет и птиците. Како автор кој потекнува од Тиквешијата, неговото творештво се карактеризира со богат колорит.

    Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Завршил Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност во Скопје, отсек графика. Член е на ДЛУМ од 2001 година. Реализирал околу 60-тина самостојни изложби во Македонија, Хрватска, Бугарија, Франција, САД ( Њујорк 2013), Турција како и учество на стотина групни изложби и проекти. Учествувал во работата на преку 40 ликовни колонии кои се одржувале во Македонија и регионот. Има учествувано и на повеќе меѓународни конференции како и студиски претстој во Париз - Франција во 2011 година. Во текот на 2015 година реализираше две самостојни изложби во Кавадарци и Скопје.  

     Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 12 март.