×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба „Самоуки 2011„

    08.06.2011 08:05 | KumanovoNews

     Утревечер во 20 часот во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната ликовна манифестација  “Самоуки 2011“.

    Изложба „Самоуки 2011„

    На изложбата учество ќе земат следниве автори: Сашо Стојковски, Фросина Трендафиловска, Миланка Гаревска, Весна Г.Тодевска, Арменд Мехмети, Сања Манасиевска, Анкица Манасиевска, Будимир Стојковски Љубе, Даница Петровска, Боривоје Димковски, Стоје Додевски, Елизабета Андоновска, Ненад Стошиќ,  Ивана Јовановска, Ненад Скрчевски, Марин Андоновиќ Кушински, Зоран Додиќ Бирџиков и Маја Јовановска.

    Tрадиционалната ликовна манифестација од 1991 година е во  организација на Центарот за култура и секоја година промовира по дваесеттина неакадемски ликовни уметници од Куманово. Тие имаа можност по пат на отворен конкурс да достават по три дела од кои организаторот направи селекција формирајќи една збирка од 40-сетина слики работени во повеќе ликовни техники.

    Изложбата ќе биде поставена до 23. јуни, а потоа ќе биде презентирана во центрите за култура во Кратово, Св.Николе и Пробиштип.