Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде отворена биеналната изложба “Скулптури на новото време 2013“.
Ќе бидат изложени 20 скулптури изработени од дрво, мермер, бронза, метал, алуминиум, гипс и слично.
Меѓу авторите се Александра Богоеска со делото “ Девојка “, Марјан Стојаноски со скулптурата “Јас и ти“, Влатко Зафирковски со “ Девојче “, Ристо Станковски со“ Далечина “, Александар Јанев со “ Скулптура 1 “, Јордан Јанев со “ Танчерка “, Маја Танева со “ 154 “, Беди Ибрахим со “Карма“, Нела Јанковска со “ Вресок“. Ангел Коруновски со “24“, Сашо Саздовски со “ Премин “ , Бранко Величковски со “ Неготинка “, Горан Ѓорев со “ Зближување “, Емил Солески со “ Дувло “, Атанас Атанасоски со “ Цик - цак орнамент “, Томе Бундевски со “Енигма на љубовта“, Влатко Николоски со “ Дуализам “, Димитар Самарџиев ја изработи “ Жена “ , Стојче Тоциновски - “ Гитарист “ и Стојмир Петров - “ Игра на форми “.
Изложбата се отвара во 20.30 часот.