×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба “Стеги“ на Илија Струмениковски во Куманово

    23.02.2022 12:45 | Сузана Николиќ

    Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово, утре, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложбата “Стеги“ од авторот Илија Струмениковски.

    Изложба “Стеги“ на Илија Струмениковски во Куманово

    На изложбата ќе бидат поставени 20 слики работени во техниката акрил на хартија, кои претставуваат дел од најновата продукција на Струмениковски, кој живее и работи во Куманово.

    Илија Струмениковски е роден 1940 година и зад себе има реализирано извонредна кариера како театарски, филмски и телевизиски актер. Се пензионира во 2005 година, а за својата работа има добиено повеќе награди и признанија.

    Покрај актерството, тој педесетина години се занимава и со сликарство, остварувајќи 20-тина самостојни претставувања, како и учество на повеќе групни изложби.

    Од своето последно јавно презентирање пред 9 години, па сè до денеска, авторот Илија Струмениковски остана верен на идејата дека уметноста може да го објасни светот, за што визуелно говори и во најновиот циклус “Стеги“.

    „Развивајќи ја претходно поставената ликовна лексика, со пречистен цртеж и сложена просторно- контекстуална композиција, составена од веќе познати архетипски елементи ставени во една симбиоза која извира од центарот на сликата, Струмениковски цврсто опстојува на изворно поставениот концепт: перманентната интеракција помеѓу животот и неговото опкружување проследено со незапирлива трансформација и модификација, како циклично поставена енергетска трансмисија на форми и бои во целиот раскош на комплексноста на постоењето“, забележува Роберт Цветковски, историчар на уметноста.