Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Врзино“ од авторот Стефан Анчевски.
Изложбата содржи триесетина дела во вид на интегрирана sидна инсталација.
Стефан Анчевски (31) од Куманово е визуелен и мултимедијален уметник. Дипломирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје приуниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има реализирано свои осум самостојни изложби,
учествува на преку 100 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ (2022) и ДЛУМ (2023). Живее и работи во Куманово.
Изложбата ќе биде поставена до 10. јули.