×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики од ликовна колонија „Куманово 2021“ во Кумановскиот музеј

    10.08.2022 10:20 | Сузана Николиќ

    Во Лапидариумот на Националната установа Музеј – Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дела од интернационалната ликовна колонија „Куманово 2021“.

    Изложба на слики од ликовна колонија „Куманово 2021“ во Кумановскиот музеј

    На изложбата ќе биде презентирана целокупната продукција на дела изработени минатата година во Меморијалниот комплекс на АСНОМ во Пелинце.

    Публиката ќе има можност да види повеќе од 30 ликовни дела – слики, масло на платно и комбинирани техники од 15 академски ликовни уметници, учесници на колонијата во 2021 година, како од Република Северна Македонија, така и од соседството и регионот: Србија, Бугарија, Хрватска и БИХ.

    Делата се на: Тања Темелковски Соларска, Ивана Тушевска, Стефан Младеновски, Марија Трајаноска, Мирослав Величковски, Ивана Настескии Дејан Божиновски од Македонија, Јелена Враговиќ, Небојша Ѓурановиќ, Владимир Илиќ, Маријана Ракичевиќ и Звездана Ѓериќ од Србија, од Хрватска, Леа Цепиќ, Панта Пантиќ од Бјелина ( БИХ) и Небојша Станков од Бугарија.

    На изложбата гости ќе бидат овогодинешните учесници на ликовната колонија, кои моментално работат и творат во ресторантот Грација во Куманово.

    Изложбата е во организација на Музеј – Куманово и Општина Куманово.

    Ликовната колонија „ Куманово “финансиски е поддржана од општината Куманово и Министерството за култура.

    Таа се организира од 1974 година со што се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во државата. До сега на колонијата поминале голем број на реномирани автори како од нашата земја, така и од целиот свет. Оставиле богат фонд на дела кој ја надминува бројката од 600 слики и скулптури.