Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во уметничката галерија во Куманово утре ќе биде отворена изложбата „Рекомпониран ритам“ на академските уметнички Марина Цветановска Мартиновска од Куманово и Марија Мицова Гацова од Кочани.
Станува збор за заеднички проект кој го сочинуваат четири ѕидни инасталации: (Не)прекинат (де)кодиран бит, Не(ис)прекинат ритам, Мемориски (кон)текст и Мемориско мапирање- повеќе цртежи во комбинирани техники на хартија и различни материјали: дрво, јаглен, конец, текситилни траки, делови од старина и друго.
„Изложбата тематски отвора дискурси за генезата, припадноста, дилемата дали човекот се раѓа со вродени, наследни предиспозиции или пак не, генетскиот код, личниот и колективен (национален) идентитет, кои впрочем теми се длабоко инкорпорирани во нивните претходни ликовни творештва, па сè до денес“, стои во обраќањето до јавноста.
Изложбата ќе биде отворена до 17 јуни оваа година.