Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изложбата на слики “Скици 2012“ утре ќе биде отворена во Домот на културата “Коцо Рацин“ во Скопје во изложбениот салон “Кора“.
На изложбата ќе бидат презентирани дела од Момчило Аврамовски, Борис Кукуњавски, Трајко Тошевски, Марија Величковска, Дејан Арсовски - Бабата, Зоран Арсовски - Бабата, Милена Христовска и Далибор Крстевски.
Изложбата има за цел да го актуелизира цртежот како форма на изразување. “Скици 2012“ е биенален проект, а цртежите се работени во комбинирана техника, акрил, пастел и со молив.