Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од вчера е воведен посебен режим на сообраќај на десната коловозна лента на автопат Скопје-Куманово во близина на Миладиновци во должина од еден километар.
„На десна коловозна лента на автопат Скопје - Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1.000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување“, соопштуваат од Авто- мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.