×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еврејската религиозна група од Куманово префрлена во Скопје

    15.02.2022 11:32 | Сузана Николиќ

    Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“ , кои од четвртокот престојуваат во кумановската населбата Зелен Рид, синоќа се префрлени во Скопје.

    Еврејската религиозна група од Куманово префрлена во Скопје

    Во групата од 37 членови, американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои имаат легални патни исправи и одобрен престој во Македонија, повеќето од половина се деца. Од МВР потврдија дека тие го напуштиле Куманово и во моментов се во Скопје, и апелираат на толеранција и солидарност со нив.

    „Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, соопштува МВР.

    Иселувањето на верниците од Куманово дојде поради лавината реакции и говор на омраза на социјалните мрежи, поради што им беше загрозена безбедноста. Кон куќата во која беа сместени беа фрлани камења и јајца, а беа упатувани и навреди кон странците, поради што мораше да ги чува полицијата.

    Поради целата контроверзија околу нивното делување и стравот на кумановци, тие покрај тоа што се соочија со опасност од насилство, синоќа наишле и на затворени врати таму каде што требале и сакале да се сместат. Од Куманово со автобус во придружба на полицијата тргнале во 22.30 часот, а се сместиле во еден хотел во Скопје во 3 часот по полноќ, откако на неколку места биле одбиени.

    Еврејските верници припаѓаат на ортодоксната група „Лев Тахор“, која значи Чисто срце“ и се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па откако и завршил престојот дошле во Македонија. Тука планирале да останат извесен период и потоа да продолжат понатаму.