Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација на извидничкиот одред “Скаут“ викендов во Охрид ќе учествува во креирање на стратегија за работа до 2020 година.
Четворица наши членови ќе присуствуваат во Охрид и ќе учествуваат во планирање на стратегија. Стратегија се носи на секои 5 години и сите извиднички одреди се придржуваат до начелата за работа кои се предвидени. Целта ни е зголемување на членството, афирмација, промовирање на позитивни вредности во општеството - рече Слаѓан Станковиќ, претседател на “Скаут“.
На настанот ќе учествуваат 50 извиднички одреди од земјава, а спонзор е Европскиот регион.