Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
(Повод: Интервју со Дејвид Стоилковки:„Графити фест“ е светла точка во сивото Куманово, објавено на 13.06.2022 година)
Врз основа на барањето на Александар Крстевски, преку неговиот полномошник адвокат Виктор Божиновски, ја повлекувам изјавата дадена во интервју: „Графити фест е светла точка во сивото Куманово“, објавно на 13.06.2022 година на Порталот Кумановоњуз, и на лицето Александар Крстевски му се извинувам за дадената изјава.
Извинувањето се однесува во делот на одговорот на прашањето во интервјуто: "Проектот „Графити фест“ не доби финансиска поддршка од Општина Куманово, затоа што Здружението за ликовна уметност „Форма“ не достави комплетна документација на јавниот повик за финансирање на проекти од Програмата на културни манифестации за 2022 година, велат од Општина Куманово. Точно ли е тоа? Што ви недостасуваше од документацијата?“
„Ако земеме предвид дека сите проекти со кои конкуриравме беа со иста документација и за сите имавме се што беше наведено во повикот, не знаеме што е проблемот и зошто еден од нив беше одобрен, а останатите одбиени поради некомплетна документација. Мораме да нагласиме дека и за тој проект што го одобрија, некако на "чесен" начин, мистериозно исчезнаа 53. 000 денари од побараниот буџет. За нивна жал, нашето здружение е транспарентно и не сака да игра такви нечесни игри. Ние тоа секако не го прифативме и не се сложивме да го работиме тој проект. Единствената вистина од објавата на Александар Крстевски од општината се имињата на проектите и неговото име, се друго е ноторна лага со која сака да го покрие својот срам на грбот на Општината.
Исто така, сакаме да додадеме дека во објавата во која се наведува дека „Графити Фест“ е иницијатива на градоначалникот, нема ништо точно. Иницијативата не е негова или на било кој друг, туку исклучиво на неформалната група професори локални уметници, така што никогаш не сме биле и никогаш нема да бидеме поврзани со политички работи“, стои .
Поради сторената ненамерна грешка и превид Здружението за ликовна уметност „Форма“ и Дејвид Стоилковски му се извинува на Александар Крстевски.