Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.А. (33) од селото Романовце ја грабнал и истепал поранешната девојка З.Н.(35), по што неколку часа ја држeл затворена за да ја убеди да не го пријави во полиција.
Грабнувањето се случило на 7 минатиот месец во 3 часот наутро, кога Д.А. на ул.„Тоде Тумба“ ја сретнал бившата, и насилa ја внел во неговиот автомобил. Отука ја однел на на м.в.„Студена Вода“ во село Доброшане каде што физички се пресметал со неа, нанесувајќи и видливи повреди по лицето. Со цел да го прикрие насилството до 17,00 часот ја држел во хотел во Штип и ја убедувал да не го пријави во полиција.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.А. за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.