×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ја убил поранешната сопруга , па отишол на пиво

    20.04.2010 15:42 | KumanovoNews

     Истражен судија му одреди 30 дена притвор на Бранко Петровски (37) од с.Мартиница, кој вчера попладна на улица во центарот на Крива Паланка ја убил својата поранешна невенчана сопруга Сaњa Јовановска (25) с.Борово.

    Ја убил поранешната сопруга , па отишол на пиво

     Крвавата пресметка  се случила откако двајцата излегле од Центарот за социјални работи, каде биле да се договорат за старателство на децата. Најверојатно изнервиран од развојот на настаните Бранко извадил пиштол, кој го поседувал без дозвола и испукал два куршуми кон Сања, при што ја погодил во главата и телото. Очевидци на пресметката велат дека откако ладнокрвно ја убил жената, Бранко го ставил пиштолот во џеб и се упатил во блиската продавница каде седнал да пие пиво, додека не дошла полицијата да го приведе.

    Сања, пред две години ја напуштила вонбрачната заедница со Бранко и трите деца и заминала да живее и работи во Струга. Вчера дошла да ги земе децата, кои биле сместени во згрижувачко семејство, бидејќи таткото како невработен немал услови да ги чува. Тој се противел на нејзината одлука и барал да му се врати и да продолжат да живеат заедно. Се претпоставува дека тоа била причината, поради која  посегнал по оружје.

    Полициско-судски екипи извршиле увид на лице место и пронашле две чаури, кои се предадени на вештачење. По наредба на Истражен судија телото на починатата е предадено на обдукција.  Против Петковски е поднесена кривична пријава за убиство и недозволено изработување и држење на оружје.

    Кривопаланчани шокирани од немилиот настан кажуваат дека Бранко и се заканувал на Сања дека ја убие кога ќе ја начека, бидејќи го оставила и не сакала да му се врати.