×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанкулоска во посета на “Бос“ и населбата Средорек

    24.04.2014 13:49 | KumanovoNews

    Гордана Јанкулоска, носител на листа на ВМРО - ДПМНЕ денеска ја посети фабриката за производство на чевли “Бос“, каде ги презентираше поволностите кои ги предвидуваат за домашните компании.

    Јанкулоска во посета на “Бос“ и населбата Средорек

    Фирмите ќе добијат менаџери за промоција и кредити со 5,5 отсто камата.

        Во таа смисла во програмата “Проверено“ нудиме низа мерки за кои веруваме дека ќе му  помогнат на домашниот бизнис за отварање на нови или проширување на постоечките капацитети. Впрочем можноста од дополнителни 100 милиони евра како кредитна  линија преку Македонската банка за поддршка на развојот со субвенционирана каматна стапка од 5,5 отсто. Понатаму можностите за покривање на трошоците за менаџери , за искуство од странски компании во функција на промоција на македонските производи надвор од границите на Република Македонија - изјави Јанкулоска.

    Потоа Јанкулоска се сретна со жителите на населба Средорек и побара тие во недела да гласаат за “Коалицијата за подобра Македонија“ и за претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов за што вети дека ќе им овозможат подобро здравство и образование.

      - За вашата поддршка ние ќе ви возвратиме со подобро здравство за да овие дечиња што ги гледам овде можат среќно и здраво да се развиваат. Со подобро образование, со нови можности за вработување. Бидејќи без разлика колку ви ветуваат различни форми на помош, најдобрата помош е вработувањето. Тоа е нашата цел. Колку што може повеќе луѓе од вашето маало да се вработат и сами да заработуваат за егзистенција - додаде Јанкулоска.

    За најзагрозените рече дека ќе помогнат со социјална помош и мерката за отпис на долгови.