×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јанкуловска на Спасовден во Довезенце

    03.06.2011 08:22 | KumanovoNews

    Гордана Јанкуловска, носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ и сеуште првата полицајка вчера беше гостинка на верскиот христијански празник Спасовден во Довезенце каде помина еден час со овдешните жители на во празничен амбиент на месноста Еленец, каде што довезенчани го слават Спасовден.

    Јанкуловска на Спасовден во Довезенце

     ,,Денес овде нема политика, се слави големиот христијански празник Спасовден, пријатно се чувствувам со овие добри луѓе, а инаку во Довезенце сум на покана на кумановското Здружение на бранителите кои се традиционални и активни поддржувачи на оваа убава традиција‘‘ -изјави во неформален разговор Јанкуловска.

    Таа беше воодушевена од живописноста на месноста Еленец и од срдечниот прием од овдешните жители кои како вредни земјоделци, заслужуваат државата во наредниот период да поработи многу повеќе за подобрување на условите за живот и работа. Во таа насока жителите на Довезенце и соседните села Бељаковце,Стрезовце, Клечовце и Јачинце најмногу очекуваат на планот на подобрувањето на комуналната инфраструктура, односно поголема грижа на државата за инаку катострофалната состојба на локалната патна мрежа. Инаку, министерката Јанкуловска од неодамна е активен член со членска книшка бр.1 во Сојузот на здруженијата на македонските бранители 2001. На вчерашната прослава на Спасовден во Довезенце гости беа и претставници на здруженијата на бранителите од повеќе други градови во Македонија.