Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија„ Гордана Јанкуловска, синоќа се сретна со граѓаните на улицата ,,Драган Стопаревиќ и ги повика да гласаат за кандидатите на нејзината листа број 5.
По кратката средба со поголема група граѓани Јанкуловска со останатите кандидати од листата од Куманово меѓу кои и Јордан Пачков посети педесеттина куќи и станови од околните улици и во кратки црти ја образложи изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
,,Колку што одминува времето се‘ поубедена сум во нашата победа на 5 јуни. Разговарајте со вашите домашни и блиски пријатели, запознавајте ги со нашата изборна програма, кажете им дека ние сме тие што градиме. Кажете им што сме изградиле ние, а што изградил Бранко Црвенковски или вашиот градоначалник. Секој глас за нив ќе биде глас против тие што градат, ќе значи глас против нашите големи проекти. Тој што научил да лаже, Тој што лажел пред дваесет или пред десет години, лаже и денес‘‘ - порача Јанкуловска образлагајќи им на граѓаните зошто својот глас не треба да го дадат за Бранко Црвенковски.