Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фонтаните не се расипани, туку водата е затворена поради опасност од замрзнување на инсталацијата
Јавните чешмички пред хотелот “Кристал“ и кај ОУ “Браќа Миладиновци“ не работат подолг период. Температурите оваа зима не се ниски, па нема опасност од замрзнување, поради што граѓаните бараат фонатаните да се пуштат во употреба.
Јас секој ден сум тука и веќе месец дена нема вода. На луѓето им треба вода. Времето е топло за овој период од годината и на луѓето им се пие вода додека шетаат. Деца од училиште доаѓаат на одмор и пијат вода. Треба да се поправи што побрзо - велат граѓаните.
Од ЈП “Водовод“ одговараат дека фонтаните не се расипани, туку водата ја затвориле тие поради опасност од замрзнување на инсталацијата.
Така ќе биде до март кога ќе има покачување на температурите. За фонтаната пред Центарот за култура која единствено функционира и таа наскоро ќе биде исклучена - вели Горан Стојковски, директор на „Водовод„.