×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јавните комунални претпријатија пред банкрот поради високите сметки за струја

    13.09.2022 22:01 | Сузана Николиќ

    Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ коешто обединува 90 јавни комунални претпријатија во земјава, денеска уште еднаш алармираше дека се пред банкрот. Тие бараат јавните претпријатија да плаќаат електрична енергија по цена иста како за домаќинствата, а доколку тоа не се случи, ќе достават барање за зголемување на цената на нивните услуги. 

    Јавните комунални претпријатија пред банкрот поради високите сметки за струја

    „Ако не се преземе нешто многу брзо односно уште утре ќе се доведеме во тешка ситуација којашто потоа ќе предизвика други последици. Сметките за струја во одредени претпријатија достигнуваат до 10 пати поголеми суми односно зголемени се за илјада проценти,“ изјави денеска претседателот на АДКОМ Пеце Милевски.

    Тој додава дека доколку дојде до финансиски банкрот тоа ќе предизвика прекин на услугите и несигурност за 15 илјади вработени. Затоа бараат ЈКП да поднесат нови пресметки до РКЕ за промена на цените односно услугите коишто ги даваат јавните комунални претпријатија.

    АДКОМ предлага јавните комунални претпријатија да плаќаат струја по единствена цена за киловат час 5,28 денари како што плаќаат физички лица односно во блок три максимална опција без пресметување на евтина и скапа тарифа и финансиска помош од државата односно покривање на разликите меѓу планираните и фактички настанатите трошоци за електрична енергија.

    Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски рече дека барањето на АДКОМ да добијат цена како за домаќинствата е спротивно на постоечкиот Закон за енергетика, но подвлече дека треба да им се помогне на јавните комунални претпријатија, и се прават напори да се обезбеди поевтин гас.

    Тој ги повика јавните комунални претпријатија да поработат и на намалување на загубите во нивните мрежи, бидејќи во моментов државата во просек има загуби на вода од 65 проценти што е екстремно високо и им прави проблеми во нивното тековно работење.

    „РКЕ и да добие барања од јавните комунални претпријатија за зголемување на цените, ќе ги одбие, бидејќи не верувам дека зголемување на цена од 100, 200 300 проценти за водните услуги ќе го реши проблемот. На крајот на денот, македонските граѓани ќе треба да ја платат таа зголемена цена на водни услуги и верувам дека со зголемувањето на цените уште повеќе ќе се влоши проблемот, бидејќи ќе се зголеми ненаплатата што нема да влијае на ликвидноста на компаниите,“ појасни претседателот на РКЕ.

    Тој додаде дека е можно зголемување на месечните трошоци за 20 до 30 денари, за коишто, како што рече, не е голем трошок за домаќинствата, а ќе им помогне на јавните комунални претпријатија.