×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јорганчиња за децата во градинка и болница

    19.08.2014 09:57 | KumanovoNews

    Градинката “Ангел Шајче“ и детското одделение во Општата болница Куманово, ќе добијат јорганчиња што ги донира прилепската компанија “Комфи Ангел„ преку Црвен крст.

    Јорганчиња за децата во градинка и болница

    Од донацијата, 550 јорганчиња ќе бидат донирани во градинката, а 50 парчиња ќе бидат однесени во Општа болница Куманово.

    “Донирани се детски јорганчиња. Ние имаме запишано 1500 деца и таа бројка од 550 парчиња постелнина секако дека нема да ги задоволи потребите, но ние ќе се потрудиме од наши средства да набавиме уште постелнина. Досега сме имале донации од повеќе субјекти, но ова е прв пат да ни донираат постелнина “ - вели Марина Алексовска, директорка на градинката “Анѓел Шајче“.

    Прилепската компанија по повод десетгодишно работење донира 10.000 парчиња постелнина за градинките и детските одделенија во болниците во земјава.