Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирослав Јовановиќ од Српската странка и Лидија Тасевска од СДСМ, двајцата од Куманово, се нови пратеници во Собранието на Македонија.
Тие се избрани на листата на коалицијата на СДСМ во втората изборна единица: Јовановиќ е на 9, а Тасевска на 12 место. Во Парламентот влегуваат на местата на Мухамед Зекири и Сања Лукаревска, кои си поднесоа оставки откако се назначени за директори на јавни институции.
Јовановиќ и Тасевска беа пратници и во предходниот состав на Собранието.
Во македонскиот парламент пратеницци од Куманово се и: Мартин Костовски од СДСМ, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ и Иван Стоилковиќ од ДПСМ, Арбен Адеми од ДУИ и Елми Азири од АА.