Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, на жителите на општината и на сите останати граѓани им го честита големиот празник Илинден.
„Се навршуваат 108 години од Илинденското востание и 67 години од Првото заседание наАСНОМ, датуми кои претставуваат историски темел на македонската самобитност, непокор и слобода. Република Македонија и нејзините граѓани од сите националности, благодарение на херојствата на нејзините предци, денеска чекори слободно и рамноправно со другите народи и држави во светската заедница.Посакувам престојниот празник да го минете во весело расположение, и во име на општината Старо Нагоричане и во мое лично име Ви го честитам националниот празник Илинден“.