×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јовановска на Форум на градоначалнички од Југоисточна Европа во Сомбор

    07.12.2019 14:42 | KumanovoNews

    Зајакнување на капацитетите на родовите политики и одговорно буџетирање е темата на Форумот на градоначалнички во Југоисточна Европа, што се одржува во Сомбор, Србија, а на кој учествува градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановскa.

    Јовановска на Форум на градоначалнички од Југоисточна Европа во Сомбор

    „Целите на форумот се градење коалиција за родовите политики и родово одговорно буџетирање. Да се потикнат можностите за вмрежување и зајакнување на соработката и синергијата помеѓу жените градоначалнички во Југоисточна Европа и жени претседателки на општинските совети. Од форумот треба да произлезе регионална препорака за родовото одговорно буџетирање на локално ниво во Југоисточна Европа“, - изјави Јовановска.

    Форумот трае три дена, а на работилниците претставничките на локалните самоуправи размениле искуства и позитивни практики во нивното работење.

    Покрај Јовановска, на форумот учествуваaт и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменковска и претседателката на Советот на Општина Аеродром Ивана Цветковска, како единствени претставнички на локалната власт од Македонија.