×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Југослав Спасиќ меѓу најдобрите наставници во државата кои спроведуваат квалитетна онлајн наставата

    23.11.2020 10:44 | KumanovoNews

     Југослав Спасиќ, професор по физичко и здравствено образование во Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово, оваа година се најде меѓу десетте најдобри наставници во државата за отворени образовни ресурси на конкурсот којшто го распишува Фондацијата „Метаморфозис“. Најдобрите наставници ќе добијат лаптоп и смарт табла за училиштето.

    Југослав Спасиќ меѓу најдобрите наставници во државата кои спроведуваат квалитетна онлајн наставата

    На конкурсот,  Спасиќ се пријавил со видео презентации коишто ги креирал за наставните содржини по физичкото образование, а ги поставува бесплатно на јутуб каналот Спортски педагози Куманово. Дел од видеата се снимани и со камера во 360 степени, која на учениците доколку имаат соодветни наочари за гледање на ваков вид на видеа им овозможува виртуелна присутност.

    Како што објаснува професорот, целта е воспитно-образовниот процес, поголема транспарентност и интреактивен пристап во онлајн наставата, а воедно и достапност на материјалите и за останатите професори коишто ги немаат истите технички можности.  

    „Дел од видео презентациите за оваа намена се направени со камера којашто снима од 360 степени, со што учениците кога ќе го пуштат видеото ќе можат со движење на глувчето на статичен компијутер или со движење на мобилниот да ги следат движењата на професорите од сите агли. Исто така со овој начин на снимање се нуди и виртуелна присутност, доколку учениците имаат наочари за гледање на видеа снимени со камера од 360 степени, тогаш тие би имале чувство како да се во просторијата. Мојата парола е дека „Без физичко образование-нема образование“, а посебно во овој период се и покажува потребата од него којашто помага во одржувањето на здравјето“, објаснува професорот Спасиќ, кој веќе 11 години е професор по физичко и здравствено образование во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово, а 13 години дел од образованиот систем во државата.

    Во моментот на јутуб каналот, се достапни часови за ученици од прво до девето одделение. Но, иако овој конкурс е наменет за наставници само од основно образование, со помош на неговите колеги, професорот Спасиќ креира видео презентации и за учениците и професорите од средно образование. Тој се надева дека со ваквиот поинтерактивен пристап во наставата ќе им го задржи вниманието на учениците, а исто така и ќе потикне изведување на вежбите и надвор од наставата, бидејќи станува збор за бесплатни видеа.

    (Ф.М.)