×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Каде ќе се лоцира новогодишниот пазар?

    05.12.2011 15:37 | KumanovoNews

     Продавачите на новогодишни украси, кои деновиве поставиле тезги на малиот  плоштад пред Центарот за култура, утринава од комуналната инспекција добиле решенија да ги отстранат.

    Каде ќе се лоцира новогодишниот пазар?

    Сопствениците биле предупредени, доколку самите не ги тргнат инпровизираните тезги, ќе бидат насилно избркани од узурпираниот простор. Револтирани од ваквиот однос, тие побараа од општинските власти да најде решение за нивниот проблем.

    Секоја година се соочуваме со истиот проблем, бидејќи Општината не е способна да најде конечно решение. Ние сакаме да продаваме тука, и да си платиме закупнина. Минатата година плаќавме по 2.300 денати за метар квадратен тезга, или околу 100 евра за целата површина која ние ја поставуваме. Тоа е прескапо за нас, но сепак се надеваме дека ќе ни остане нешто да заработиме.  Затоа сакаме да останеме на ова место,  или ќе штрајкуваме. Како може во другите градови да се продава во центарот на градот, така бараме и ние -децидни се продавачите.

    Тие уринава биле до општинските служби, од каде им било речено дека во текот на денот ќе им биде соопштено на која локација ќе можат да ги постават тезгите.

     Пред неколку години бевме на паркингот зад основното училиште „Крсте Мисирков„, и сета роба ни остана, бидејќи таму никој не поминува да пазари. Ако ни ја понудат таа локација нема да ја прифатиме.  Ние сме сиромашни луѓе, ама сакаме чесно да работиме, а не да крадеме--велат пазарџиите.

    Проблемо со тезгите што се поставуваат пред новогодишните празници, беше актуелен и минатата година. Тогаш од локалната самоуправа ветија дека ќе се набават унифицирани тезги и нема да се дозволи да се прави „бувљак„ од даски и најлони во центарот на градот. Засега ветувањето остана само на хартија. „Бувљакот„ проработи!