×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Како да се препознае дискриминацијата

    22.06.2011 09:19 | KumanovoNews

     Претставници од државната и локална администрација, како и невладиниот сектор денеска присуствуваа на обука за спроведување на Законот за спречување на дискриминација. Семинарот на тема „Заедно против дискриминација„, има за цел да ги даде насоките и основните правци за целосно и успешно справување со дискриминацијата.

    Како да се препознае дискриминацијата

    Локалната самоуправа и комисијата за еднакви можности на мажите и жените, досега нема спроведено испитување каква е состојбата со дискриминацијата во нашата средина, но познато е дека е присутна.Претставките  најчесто се поднесуваат до полицијата и до народниот правобранител, но сеуште кај народот не се докрај познати формите на дискриминација и не можат да ги прпознаат. Затоа ние на ова предавање треба да ги обучиме луѓето кои директно се вклучени во спроведување на законот да им помогнат на жртвите во остварување на нивните права, а тоа се токму овие три субјекта, кои што треба да го  спроведат законот - изјави Цоки Ристевски координатор на комисијата еднакви можности на жените и мажите, при Oпштината Куманово.

     Досегашните искуства покажале дека граѓаните најчесто се дискриминирани при остварување на работен однос, распишување на оглас за вработување, односот меѓу вработените, како и во однос на човековите права на малцинските групи.

     Прeдавањето го водеа Цоки Ристевски координатор комисијата на еднакви можности на жените и мажите, и Лидија Илиевска, претседател на невладината организација Мајка.

    На предавањето присуствуваа претставници од полицијата , судот, народниот правобранител, основните и средни училишта и невладиниот сектор.

    Семинарот го организира од Министерството за труд и социјална политика во соработка со локалната самоуправа и британскиот совет.