×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камион со 25 мигранти излетал од патот

    27.11.2019 13:32 | KumanovoNews

    На регионалниот пат Свети Николе - Куманово, утринава во 6.45 часот,  во близина на с.Градиште, товарно возило „фолксваген“  со бугарски национални ознаки, излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото.

    Камион со 25 мигранти излетал од патот

    Во возилото биле пронајдени 25 лица - мигранти, од кои 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак, од кои седум биле малолетни лица, кои се здобиле со повреди, - соопштува СВР Куманово.  

    Повредените се пренесени во болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

    „26 пациенти се примени на нашето одделение, сите пациенти се прегледани, направен е рендген и се што е потребно, констатирани се телесни повреди на 25 пацинети, кои се опсервирани, дадена е аналгетска терапија, а еден пацинет е испратен на Клиника за трауматологија. Малолетните лица се во добра општа состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување“ - посочи Љубинка Дамјановска Крстиќ, хирург Општа болница Куманово.

    За настанот бил известен Јавен Обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.  

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.