Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 22 март - Светскиот ден на водата, јавното претпријатие “Водовод“ ќе започне кампања за подигање на свеста кај граѓаните за рационално трошење на водата.
За таа цел подготвени се флаери кои ќе се делат на граѓаните, со препораки за рационално трошење на водата, намалување на загубите на водата и редовно плаќање на сметките.
“ Годинешната порака на ОН по повод празникот на водата гласи „Без вода нема одржлив развој„. Тоа се однесува на сите области: здравјето, природата, урбанизацијата, индустријата, енергијата, храната и еднаквоста. Водата е во сржта на одржливиот развој. Водните ресурси, и опсегот на услугите што ги нудат, поткрепуваат намалување на сиромаштијата, економски раст и одржливост на животната средина“ - вели Горан Стојковски, директор на “Водовод“.
Од “Водовод“ велат дека со редовно плаќање на сметките, граѓаните придонесуваат за модернизација на водоводните и канализационите систем и за општо добро во градот.
22-ри Март е Светски ден на водата, прогласен од Обединетите Нации со цел да се обрне внимание на рационалното користење на овој најважен ресурс на планетата.