×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кандидатите за градоначалник на Куманово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

    26.09.2025 13:20 | KumanovoNews

    Кандидатите за градоначалник на Куманово денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

    Кандидатите за градоначалник на Куманово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

    Потпишуањето на Кодексот го организираше Општинската изборна комисија (ОИК) во зградата на Општина Куманово. Присуствуваа актелниот градоначалник Максим Димитриевски од ЗНАМ, Мартин Костовски од коалицијата на СДСМ, Горан Стојковски - Диро, независен кандидат, Селвер Ајдини од ДУИ, Виолета Арсовска од ЛДП и Арбен Етеми од ВЛЕН. Не присуствувал само кандидатот на Левица Мирослав Петковиќ.

    Според роковникот објавен од Државната изборна комисија во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина.

    Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови согласно со членот 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето.

    Изборната кампања за првиот круг на гласање започнува на 29 септември во 00:00 часот и трае до 24:00 часот на 17 октомври.