Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од понеделник (21 март) започнува караван за вакцинација против ковид-19 во дел од општините, во организација на Министерството за здравство, со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Караванот ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот Мој Термин.
„Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита“, порачуваат од Министерството за здравство.
Покрај активностите од караванот за вакцинација, кои ќе се реализираат во следните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.
Инаку, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста.
„Меѓу последно евидентираните хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од компликации на ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така што со овој караван целта е да ја приближиме можноста за вакцинирање до сите категории граѓани кои досега не се вакцинирале. Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини. Вакцинацијата останува најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста,хоспитализација и смрт, а колективниот имунитет е единствениот начин да се победи пандемијата “, велат од министерството.
Распоред на локации во општините од Североистониот регион кои се вклучени во
организираниот караван:
- 22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад
- 27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад
- 28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче