Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На градскиот плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Карванот на Министерството за здравство утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.
За време на овие настани, граѓаните ќе можат да се информираат и да се вакцинираат против ковид-19.
Караванот за вакцинација против ковид-19 започна од понеделник (21 март), а ќе опфати 14 локални заедници низ државата.