×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кажете НЕ на стереотипите и насилството врз жените и девојчињата, кажа Тодоровска

    27.11.2020 11:01 | KumanovoNews

     По повод одбележување на 16 дена активизам против родово базирано насилство , Соња Тодоровска, координаторка на Форумот на жените на ОО СДСМ Куманово, ги повикува сите гласно да кажат „НЕ!“ на стереотипите и насилството врз жените и девојчињата.

    Кажете НЕ на стереотипите и насилството врз жените и девојчињата, кажа Тодоровска

    Преку мотото „Нула толеранција за сите видови родово базирано насилство“, Тодоровска потенцираше дека Владата на СДСМ прави реални напори за заштита на жената и девојчињата, а особено го нагласи новото законско решение, кое се очекува да биде главна алатка во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството.

    „Да размислуваме портокалово и да кажеме НЕ за насилство врз жени и девојчиња. Да поставиме позитивни примери на однесување кон жената за следните генераци, да делуваме на начинот на кој младите размислуваат за родот, еднаквоста и почитувањето на човековите права. Да кажеме НЕ на стереотипите во училиштата, медиумите, на улица. Нема оправдување за било какво насилство врз жените и девојчињата. Предлог- Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјното насилство предвидува институциите да постапуваат со должно внимание и да ги заштитат жртвите, како и да придонесат за нивна реинтеграција во системот“, додаде Тодоровска.

    Таа рече и дека за политиките на Владата предводена од СДСМ, насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство покажуваат токму делата:, како што се oтворени шалтер центри за згрижување на жртви од семејно насилство, ратификувана Истанбулската конвенција, изработен Акциски план за спроведување на обврските од Истанбулската конвенција, изготвен предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како едно од најсилните оружја во борбата против насилство врз жените.

    „Овие денови од кампањата треба сите заедно да размислиме дали и колку сме придонеле во борбата против насилството врз жените. Дали нашето општество води доволно грижа за заштита на жените од насилство, дали на жртвите им даваме доволно поддршка да не молчат, да препознаат и да пријават секаков вид насилсво, дали насилникот е соодветно казнет, и дали тие можат да продолжат со животот без насилство“, децидна е Тодоровска во своите ставови за борбата против насилството врз жените.