×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Казна од 10.000 евра за четворица кумановци затоа што не ги почитувале мерките за време на епидемија

    26.03.2020 13:53 | KumanovoNews

    Основниот суд во Куманово прогласи за виновни четворица кумановци, и ги казни со 10.000 евра, затоа што не ги почитувале здравствени прописи за време на епидемија. Двајца од нив се казнети со по 123 илјади денари, а другите двајца со казни по 184.500 илјади денари.

    Казна од 10.000 евра за четворица кумановци затоа што не ги почитувале мерките за време на епидемија

    - Врз основа на поднесените предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, вчера, донесе четири пресуди, со кои четири лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело, две лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 123.000,00 денари, а две лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противврденост од по 184.500,00 денари, - соопштуваат од Судот.

    Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на тој начин што еден од обвинетите лица, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, иако при влез во РСМ, од високоризична, потпишал писмена изјава за задолжителна самоизолација, на ден 20.3.2020 година, при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата. Второто обвинето лице, во исти околности, постапило спротивно на Одлуката на Владата од 14.03.2020 година и на ден на 18.03.2020 година, при контрола од службени лица на ДПИ и МВР СВР Куманово, било затекнато како во својот угостителски објект послужува гост. Третото и четвртото обвинето лице, во истите околности, постапиле спротивно на Одлуката на Владата на РСМ од 21.03.2020 година, на начин што, не ја почитувале забраната за движење на населението, во периодот од 21 часот до 6 часот.