Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На територија на СВР Куманово денеска е спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната.
Притоа санкционирани се 101 возачи, од кои 72 во Куманово, 14 во Крива Паланка и 15 во Кратово.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштува МВР.