Казнети 105 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес
08.05.2022 20:09
| Сузана Николиќ
При акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес санкционирани се 105 возачи, бидејќи управувале со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 105 возачи.

„Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, соопштува МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, аплеира МВР.