Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 52 возачи.
„34 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила“, соопшти СВР Куманово.
Оттаму велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, па се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.