Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово изрече 66 казни - санкционирани се 54 возачи и 12 пешаци.
„На територија на Куманово изречени се вкупно 66 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 13 за возење под дејство на алкохол, 12 за прекршоци што ги прават пешаците и 4 санкции за возачи кои не даваат првенство на пешаци“, соопштува СВР Куманово.
Тие најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, предупредуваат од Полицијата.