Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден од 15.00 до 20.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачите кои не даваат првенство на минување на пешаците на пешачки премин.
„При контролата констатирани се 7 прекршоци и на возачите им биле изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидени глоби“, соопштува МВР.
Апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.
(Фото: архива)