Мени

Казнети 77 возачи за викенд во Куманово

18.03.2024 14:45 | KumanovoNews

Изминатиот викенд казнети се 77 возачи, поради прекршување на сообраќајните правила и прописи во јавниот сообраќај.

Казнети 77 возачи за викенд во Куманово

„На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 77 возачи. Од нив, 43 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 за управување возило без возачка дозвола и 2 за нерегистрирани возила“, соопшти МВР. 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, заради зголемена безбедноста во сообраќајот.