Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатите два дена сообраќајната полиција продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 52 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 15 санкции за непрописно престигнување и 11 за пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи . Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопштува СВР Куманово.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.