Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кино сала, младински центар, спортски игралишта и паркови, но и бесплатен гејминг центар за намалите, се проекти коишто младите кумановци посакуваат да се релизираат во 2022 година.
Тие, денеска ја украсија новогодишната елка во центарот на Куманово со своите желби и побараа од локалната самоуправа што поскоро да ги реализира. На настанот претежно учествуваа претставници на младите на политичките партии во градот.
„Без разлика на нашата возраст сите заедно можеме да направиме многу повеќе и затоа сме тука. Во Советот направивме измени во статутото и формиравме Локален младински совет. Тој ќе има свој буџет, тоа е млада ставка, но нема да остане на тоа. Ќе работиме многу повеќе за да собереме што повеќе средства и да профункционираме. Да се слушне гласот на младите, а ние како советници без разлика на нашата различност ќе се споиме сите заеднички со една цел Куманово да стане град на младите“, изјави советничката на ВМРО-ДПМНЕ Невена Величковска.
Таа ги повика сите млади луѓе во општина Куманово да се вклучат во оваа иницијатива и да бидат гласни во нивните барања, за да се врати сјајот и Куманово.