“Киро Бурназ“ на образовно рандеву
28.04.2014 07:51
| KumanovoNews
Ученици од средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ во петок и
сабота ќе учествуваат на образовното рандеву МАССУМ кое ќе се оддржи во
Крушево.
- Ова е образовно рандеву за средните стручни училишта од државата и е со натпреварувачки карактер. Нашите ученици ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Ние секоја година учествуваме на образовното рандеву и добивавме и награди. Лани и годината пред тоа земавме награди за најдобар штанд - вели Весна Трајковска, директорка на училиштето.
Образовното рандеву го организираат Министерството за образование, УСАИД и Центар за стручно образование.