Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавните комунални претпријатија на општините низ земјава не ќе можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре ако Владата не им помогне, кажаа на денешната прес-конференција од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).
Тие велат дека дека поради енергетската криза се во многу лоша состојба, а сметките за струја им се повисоки од месечните приходи, па затоа не само што немаат пари за други трошоци, туку не можат ниту струјата да ја платат.
„Бараме средба со Владата веќе со месеци, но никој не ни одговара. Ние не сакаме да уценуваме никого, но сме западнати во долгови, а нам најголеми должници ни се токму државните институции. Итно бараме да се врати во собраниска процедура законот со кој ќе се врши отпис на каматите и репрограмирање на долговите кои јавните претпријатија ги имаат кон државните институции“, рече Иван Иванов, претседател на АДКОМ и директор на ЈКП Кочани.
Од АДКОМ бараат Владата да донесе одлука да се снабдуваат со струја по тарифа за домаќинства за да можат да ја пребродат кризата.
(фото.сдк.мк)