×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се доградува булеварот „Октомвриска револуција“

    13.04.2022 11:06 | Сузана Николиќ

    Општина Куманово наскоро ќе започне со градежни работи за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ на потегот од пумпата на Макпетрол до улицата „Братство Единство“ кај Градскиот парк.

    Ќе се доградува булеварот „Октомвриска револуција“

    Раководителка на Секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска, одговарајќи на прашање на советникот Дритон Сулејмани од БЕСА, кажа дека се направени сите подготовки за доградба на оваа собраќајница во центарот на градот.

    „Реализацијата на проектот за изградба на улицата од крстосницата на „Доне Божинов“ кон „Братство Единство“ е во тек, бидејќи е завршена експропријација и се изготвува проектната документација. Се надеваме дека во најкраток рок таа ќе ни биде доставена, по што ќе се распиша тендерска постапка и ќе се отпочне со изградба на улицата“, изјави Ланг Спасовска. 

    Според планот булеварот „Октомврска револуција“ почнува од населбата Проевце, а треба да продолжи до автопатот Куманово-Табановце. Но, на дел од трасата во западниот дела на градот, изградени се повеќе дивоградби, меѓу кои и стадион.

    Во изборната кампања едно од ветувањата на политичарите беше целосна изградба на оваа сообраќајница, која би го решила сообраќајниот хаос во централното градско подрачје, особено тесното грло на улицата „11 Октомври“.