×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се организира Меморијален турнир посветен на ракометарката Јасмина Голубовиќ

    08.02.2022 20:17 | Жаклина Цветковска

    Во месец март ќе се организира Меморијален турнир во чест на кумановската ракометарка Јасмина Голубовиќ, која била популарна и остварила успешни резултати во женскиот ракометен спорт во Куманово, во 60-тите години од минатиот век.

    Ќе се организира Меморијален турнир посветен на ракометарката Јасмина Голубовиќ

    Иницијативата за турнирот ја покрена Здружението на ЖРК Куманово-активни ветеранки, која беше поддржана од Општина Куманово.

    „Нејзината умешност како белег на женскиот ракомет во Куманово, остави значајни резултати. Поттикнати од нејзините заслуги за успесите на овој клуб, сите ветеранки ќе излеземе на терен и сакаме да му оставиме на овој град турнир на ветеранки“, истакнаа од Здружението на ЖРК Куманово-активни ветеранки.

    Турнирот ќе биде реализиран на реконструираното спортско игралиште во Соколана. На ревијалниот натпревар на ветеранки на ЖРК, ќе учествуваат ракометарки од повеќе генерации на клубот.

    Градоначалникот Димитриевски истакна дека ова е вистински начин да се сочува споменот, трудот и придонесот на заслужните спортисти, како пример за идните генерации кои имаат намера активно да се вклучат во спортскиот живот.
     
    Јасмина Голубовиќ била извонредна ракометарка, која починала млада. Таа оставила значајни успеси и дала голем придонес за женскиот ракомет во Куманово.