Клубовите да предложат најдобри спортисти за 2013
17.01.2014 13:06
| KumanovoNews
Спортските клубови до крајот на месецов можат да предложат спортисти, тренери или спортски работници кои според нив заслужуваат да бидат избрани за најдобри за 2013 година.

Предлогот со генералии и успесите на спортистот на државно и меѓународно ниво треба да се достави до Општинскиот сојуз на спортови на ул.“Моша Пијаде“ бр.14 или електронски на [email protected]. Најдобрите ќе бидат наградени на спортската манифестација “ Прогласување на најдобри спортисти за 2013“ која ќе се оддржи во првата половина на февруари.