Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-информативниот центар на Србите во Македонија "Спона", вечерва во просториите на Фото кино клубот Козјак (Народна техника), во 19,30 часот ќе одржи книжевна работилница на комедијата „Госпоѓа министерка„ од Бранислав Нушиќ.
Модератор на вечерта ќе биде Елизабета Краљевски, магистар по Општа и компаративна книжевност.
Посетителите ќе имаат можност активно да се вклучат со свое видување на секогаш актуелната тема, која маестрално ја обработил Бранислав Нушиќ.
Бранислав Нушиќ (Смедерево, 20 октомври 1864 - Белград, 19 јануари 1938) бил српски комедиограф, сатиричар и критичар. Работел и како новинар и дипломат.
Негови најпознати дела се комедиите „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Кнезот од Семберија“, „Белград некогаш и сега“ и други.
Ова е втора книжевна работилница на Спона во Куманово.