×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Книжевна вечер со Румена Бужаровска

    13.06.2022 11:48 | Сузана Николиќ

    Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се одржи Книжевна вечер со Румена Бужаровска.

    Книжевна вечер со Румена Бужаровска

    Модератор на вечерта ќе биде Ирена Цветковиќ, а музички гостин Јован Цветковиќ.

    Бужаровска е писателка, професорка, преведувачка од англиски на македонски и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.

    Бужаровска има објавено четири збирки раскази: „Чкртки“, „Осмица“ , „Мојот маж“  и „Не одам никаде“  како и студија за хуморот во книжевноста „За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот“ . Расказите ѝ се објавени во превод на англиски, хрватски, украински, српски и германски јазик.

    Во изминативе две години заедно со Ана Василева и Тиииит! Инк. го води ПичПрич - омилената скопска гала вечер на раскажување (женски) приказни.